Извлечени групите за Копа Америка

Извлечени се групите за Јужноамериканското континентално натпреварување, Копа Америка кое ќе биде во потполно нов формат со 12 земји учеснички поделени во две групи (зона север и зона југ).

Во А групата се наоѓаат: Аргентина, Австралија, Боливија, Уругвај, Чиле и Парагвај.

Во Б групата ќе играат: Колумбија, Бразил, Катар, Венецуела, Еквадор и Перо.

Во четвртифиналето ќе се пласираат најдобрите четири екипи од двете групи. Турнирот ќе започне на 12. јуни следната година во Буенос Аирес на стадионот на Ривер Плата „Монументал“, додека финалето ќе биде одиграно еден месец подоцна (12. јули) во колумбијскиот град Барангила.

Со новиот формат ќе има значителен број повеќе мечеви него во минатите изданија па така финалистите ќе одиграат осум натпреварив повеќе.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .