Играше за Карпош Соколи, сега потпишува за ПАО!

Само на најголемите познавачи на кошарката им текнува на името на Кендрик Пери, кој е проби во кошаркарска Европа како член на Карпош Соколи, во „златните времиња“ на овој клуб кога играше и во АБА лигата.

Американскиот плејмејкер минатата сезона ја помина како член на љубљанска Цедевита Олимпија каде што беше еден од најдобрите поединци. Игрите во овој клуб на Пери се чини му донесоа голем трансфер и тој наверојатно ќе потпише за славниот евролигаш Панатинаикос, пренесува угледниот грчи новинар Христос Харпидис.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.