Играч на Наполи тврди: Роналдо е најдобар во светот!

На синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Литванија, Кристијано Роналдо стигна до нов хет-трик. Португалците победија со убедливи 6-0, а фудбалерот на Јувентус беше играч на натпреварот.

Неговиот репрезентативен колега Марио Руи во изјава за медиумите кажа дека Роналдо моментално е најдобриот фудбалер на светот.

„Тој е најдобриот на светот. Никогаш не му е доста од победите, секогаш сака повеќе. Среќни сме што го имаме во нашиот тим и се надевам дека ќе продолжи на исто ниво“, изјави фудбалерот на Наполи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .