Играчите на Јунајтед му спремаат “пуч” на Солскјер?

Медиумите во Англија пренесуваат дека полека почнува да зоврива во соблекувалната на Манчестер Јунајтед по се полошите резултати на стартот на сезоната.

Оле Гунар Солскјер никако не може да создаде победничка формација  и често е мета на критики на фудбалските аналитичари ширум светот.

Солскјер по поразот од Лестер на „Кинг Пауер Стадионот“ ги задржал своите фудбалери во соблекувалните цели 45 минути, период во кој одржал говор во кој го изнел своето гледиште нанештата.

По говорот, Норвежанецот морал да ги заврши и медиумските должности, па фудбалерите доста долго останале на стадионот на Лестер.

Дел од играчите веќе почнале да се сомневаат во Солскјер и во моралот на тимот во овој момент.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.