Ибра: Донарума можеше да стане “бог” во Милан како Малдини

Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума до крајот на месецот станува слободен агент, а извори блиски до клубот велат дека нема нинакви индиции сеуште за негово продолжување.

За овој случај даде и свое мислење популарниот Златан Ибрахимовиќ, на кого исто така не му се допаѓа оваа одлука на младиот голман.

„Жал ми е за Донарума, тој е најдобриот голман на светот. Ја мина академијата на Милан и можеше да биде тука наредните 20 години. Џиџо можеше да стане „Господин Милан“, како Малдини, но потребни се двајца за танго. Јас би го советувал да остане во Милан до крајот“, изјави Ибра. 

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .