Зидан со шокантно писмо се прости од Реал: Французинот удри по Перез!

Зинедин Зидан си замина од мадридски Реал, но по се изгледа не во добри односи. Французинот со писмо до шпанските медиуми откри дека не бил во најдобри односи со раководството на клубот, предводено од претседателот Флорентино Перез.

„Си заминувам затоа што чувствувам дека клубот повеќе не ми верува. Не ми дава поддршка да направам нешто на средни или долги стази. Овде е заборавено тоа што е најважно. Се што градев на дневна база е заборавено. Човечкиот однос е основ, поважен од парите, од славата. Човечкиот однос е основ, поважен е од парите и од славата. Посакував последните месеци, односот со претседателот и клубот да беа подобри. Не сакав привилегии, туку да не се заборави минатото. Денеска животот на тренерот се смета на две добри сезони и ништо повеќе“, разочаран беше Зидан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .