Зидан: Во лош момент сме, јас сум одговорен

Зинедин Зидан не го криеше резултатот по шокантниот пораз на домашен терен од аутсајдерот Шахтјор од Доњецк. Францускиот стратег на пресот по натпреварот не сакаше да ги обвини своите играчи за резултатот, туку вината ја префрли на себе.

„Лош момент…Играчите се на теренот и трчаат, но не го видов тимот така како што сакав, а кога се случува тоа, тогаш е моја грешка. Добра работа е што имавме реакција во второто полувреме. Фудбалерите не го заслужуваат ова затоа што се шампионите и тоа ме мачи. Јас сум одговорен и морам да побарам решенија. Тоа и ќе го направам. Играчите на теренот им требаат решенија“, изјави Зидан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .