Зверев „пука“ од самодоверба: Можам да го освојам Ролан Гарос!

Најдобриот германски тенисер, Александар Саша Зверев нема недостаток на самодоверба, пред почетокот на култниот Гренд слем турнир на земја, Ролан Гарос. Зверев смета дека има шанси да го освои овој турнир, и покрај огромната фаворитска улога на Рафа Надал.

„Се чувствувам добро и физички сум подготвен, мислам дека имам шанси оваа година. Подготвен сум за тој чекор. Играм многу добро во последно време, а титулата во Мадрид ми даде голема самодоверба“, изјави Зверев.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .