Звезда со „петарда“ за Каират, Селтик испадна од Данци

Црвена звезда на убедлив начин се пласираше во третото коло од Лигата на шампионите. Српскиот првак во голем стил се врати по поразот во Казахстан од Каират (2-1), откако вечерва во Белград на „Рајко Митиќ“ славеше со 5-0.

Катаи беше клучниот фудбалер на Дејан Станковиќ вечерва. Напаѓачот постигна два погодоци од кои првиот во 9. минута можеби го реши натпреварот, а постигна и ефектен гол од слободен удар за 3-0 во 42. минута, додека претходно Диони зголеми на 2-0. Уште два гола постигнаа „црвено – белите“ во вториот дел преку Фалко и Иваниќ.

Славниот Селтик ги разочара бројните навивачи. Шкотскиот гигант испадна од елитното фудбалско натпреварување од данскиот Мидтјиланд кој во продолженијата (94. минута) преку Онејдика стигна до победата.

Данците во следната фаза ќе играат против ПСВ, додека Звезда имаше среќа на ждрепката и ќе игра против молдавскиот Шериф Тираспол.

Photo: Informer

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.