Алесандро Маџи, угледниот новинар на „Sportando“, сајтот специјализиран за кошарка, тврди дека Црвена звезда се вмешала во трката за потпис на еден од најдобрите плејмејкери во светот – Милош Теодосиќ!

И пред да стигне српскиот репрезентативец во Виртус од Болоња, беше најавуван како нов играч на „црвено – белите“, меѓутоа тоа не се случи и тој потпиша милионски договор со италијанскиот тим.
Сега Маџи најави дека Звезда би можела со „бомба“ да одговори на ангажманот на Партизан, кој за тренер го ангажираше трофејниот Жељко Обрадовиќ.
„Чувајте се и од Црвена звезда, тие сега со „бомба“ мораат да одговорат на Партизан и нивниот ангажман на Жељко Обраодвиќ“, напиша Маџи.