Звезда е нов првак на АБА лигата: Будуќност не ја преживеа „мајсторката“ во Белград!

Кошаркарите на Црвена звезда по петти пат во својата историја ја освоија Јадранската АБА лига, откако во „мајсторката“ во Белград ја совладаа Будуќност од Подгорица (87:80).

Пеколна беше атмосферата во легендарната сала „Александар Николиќ“ каде што имаше околу 4.000 навивачи. Во поголем дел натпреварот Црногорците беа блиску, меѓутоа Звезда го имаше главниот збор.

Клучниот играч вечерва сигурно беше камерунскиот центар Лендри Ноко кој мечот го заврши со дабл – дабл учинок од 17 поени и 12 скокови, додека Лојд имаше 15. На спротивната страна најефикасен беше Кобс со 21 постигнат поен.

PHOTO: ABA Liga

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .