Звезда го сруши Партизан и избега на + 12 од омразениот ривал!

Српскиот шампион Црвена звезда се наоѓа на чекор до одбрана на титулата откако денеска во големото белградско дерби минимално го совлада најголемиот ривал Партизан и му избега на 12 бодови.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Мирко Иваниќ во 58. минута. Фудбалерот од средниот ред максимално го искористи центаршутот на Гејлор Канга и со глава го матираше Владиме Стојковиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.