„За Марадона не би имало место во нашиот тим“

Вечерва во дербито на 2. Коло од Лигата на Европа, лидерот во шпанската Ла Лига го пречекува италијанскиот калчолигаш Наполи.

Тренерот на баскискиот клуб, Иман Алгуацил интересно го најави натпреварот. Тој изјави дека во неговата екипа не би имало место за Марадона.

„Марадона тешко би пронашол место во нашата екипа. Со топката можеби би направил нешто, но без топката сигурно не. Го имаме Давид Силва, кој е многу талентиран, но тој е голем работник“, кажа Алгуацил.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .