За Дориев е завршена полусезоната

Иако сите во Академија Пандев се надеваа дека повредите на нивните двајца најдобри фудбалери Љупче Дориев и Ѓорги Стоилов се од полесна природа сепак, денеска добија лоши вести.

Повредата на македонскиот репрезентативец Дориев е сериозна и за него полусезоната е завршена. Тој заработил повреда на менискусот на коленото, а исто така го истегнал и лигаментот. Што се однесува до Стоилов, тој го истегнал бутниот мускул и затоа ќе паузира во следните три недели.

Потсетуваме, двајцата фудбалери се повредија на дуелот против Борец. Академија Пандев утре во рамките на Купот на Македонија ќе се судри со Осогово.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .