За Вардар само бод во дуелот со Шкупи, Шкендија сигурна

Лидерот во македонската Прва лига, Вардар освои само бод во дерби дуелот со Шкупи на домашен терен (1-1). „Црвено-црните“ поведоа во 15. минута преку Реис Жуниор. И покрај шансите Вардар не успеа да постигне втор погодок па затоа следеше казната. Шкупи го шокираше лидерот во 72. минута преку Диак за 1-1 резултат кој ќе се покаже како конечен.

Шкендија се враќа на победничките патеки. Во градското дерби убедливо славеа против Ренова (6-1). Тие во водство дојдоа уште во 5. минута преку Омар Имери, а со минимално водство заврши првиот дел. Второто полувреме беше далеку по возбудливо. Тетовските „црвено-црни“ уште на почетокот на вториот дел преку Арменд Алими и Бесарт Ибраими го решија дуелот, зголемувајќи на 3-0. Точка на натпреварот ставија Агим Ибраими и Самир Фазли. Ренова преку Селмани го постигна почесниот погодок за Ренова за конечни 6-1.

Прва Лига – Резултати

Вардар – Шкупи 1-1

Шкендија – Ренова 6-1

Академија Пандев – Струга Трим Лум 1-1

Борец – Силекс 0-0

Вчера:

Македонија ЃП – Работнички 2-2

Табела:

Вардар 31, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 22, Македонија ЃП 21, Шкупи 19, Струга Трим Лум 19, Борец 16, Ренова 15, Работнички 11

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .