Захов му подари одличен резултат на Работнички, Темелков во 93. минута го шокираше Чаир

Во првите четвртфинални натпревари во Купот на Македонија, само Академија Пандев успеа да се стекне со предност. Струмичани победија со 0-1 на гостувањето во Чаир кај Шкупи со голот на Темелов во 93. минута.

Во дерби-натпреварот Шкендија одигра нерешено на домашен терен против Работнички (1-1), па така „романтичарите“ ќе ја имаат предноста со гол на гости. Шкенија поведе уште во 8. Минута преку Жуниор, додека Работнички израмни во 33. минута преку Драган Стојков по неверојатната грешка на Захов.

Без голови заврши натпреварот помеѓу Сруга Трим Лум и Ренова, додека мечот помеѓу Брегалница и Лабуништа се игра од 16.30 часот. Реванш натпреварите се на прогарамата во март следната година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Шкендија – Работнички 1-1

Шкупи – Академија Пандев 0-1

Струга ТЛ – Ренова 0-0

Брегалница – Лабуништа (16:30 ч.)

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .