Затвор за Робињо ВЕДНАШ! Бразилската министерка го нападна славниот фудбалер!

Познатиот бразилски фудбалер Робињо повторно се најде на удар од јавноста во својата земја, неколку дена откако Сантос реши да го прекине неговиот договор поради заканата од спонзорот „Orthopride“ дека ќе се повлечат од финансирањето на клубот.

Договорот на Робињо е суспендиран за да може да се посвети на својата одбрана пред судот во Италија, кој пред три години го осуди на девет години затвор поради силување.

36 – годишниот фудбалер тврди дека е невин, вложи и жалба, но министерката за семејство, женски и човечки права во Бразил, Дамареш Алвеш побара тој веднаш да биде затворен. Инцидентот се случи во јануари 2013 година во еден ноќен клуб во Милано да Робињо наводно силувал 22 – годишна Албанка.

„Затвор, веднаш! Ништо повеќе немам да додадам. Се уште постои тој жалбен процес, но…Што повеќе сакате? Затвор. Ниту еден силувател не смее да биде подржан и испратен со аплауз“, кажа Алвеш.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .