Заслужено! Одбран најдобриот тренер во Евролигата за минатата сезона

Турскиот Анадолу Ефес зад себе ја имаше една од најдобрите сезона во историјата, па сосема заслужено рацете на Ергин Атаман дојде наградата за „тренер на годината“, а ова е прва награда „Александар Гомељски“ за турскиот стручњак.

Атаман убедливо се здоби со признанието, освојувајќи 12 од 20 гласови и зад себе го остави тренерот на минхенски Баерн, Андреа Тринкиери, тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина и тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.