Закажана борбата на векот: Мејведер и Нурмагомедов влегуваат во ринг!

Веќе се е договорено. Рускиот УФЦ-фајтер Хабиб Нурмагомедов ќе се обиде да му го нанасе првиот пораз на американскиот боксер Флојд Мејведер, кој пак се враќа од пензија за да се бори со Дагестанецот, а самата борба ќе вреди верувале или не 300.000.000 евра. Оваа информација ја потврди менаџерот на Хабиб, Али Абделазиз.

Мејведер моментално се наоѓа во пензија, сепак тој изјави дека можно е да се врати во 2020. година. Иако се уште нема официјална потврда за „борбата на векот“, кружат шпекулации дека договорот е постигнат и дека сопственикот на УФЦ, Дејна Вајт веќе ги договорил условите.

Абделазиз кажа дека Саудиска Арабија може да биде локацијата на борбата.

„Борбата е од претходно планирана, но Дејна Вајте ја криеше од очите на јавноста. Само ние тројца знаеме што се случува и да бидам искрен среќен сум што Вајт и Флојд ја договорија борбата“, рече Абделазиз.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .