„Заедно кога е најтешко – тоа сме ние“!

Шпанскиот гигант Реал од Мадрид го издржа притисокот на Ливерпул во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и така се пласираа во полуфиналето.

Тренерот на „кралевите“, легендарниот Зинедин Зидан ја искажа својата гордост поради карактерот кој го покажаа неговите избраници.

„Горд сум на каракатерот на играчите, тие покажаа единство кога се во тешки ситуации. Заслуживме да одиме понатаму и среќен сум поради момците. Овој резултат ќе ни ја зголеми самодовербата пред најважниот дел од сезоната. Многу сум среќен на тоа што го покажуваме“, изјави Зидан.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.