Завршено! Меси е нов фудбалер на ПСЖ!

Никој не очекуваше ваков расплет на настаните, но дефинитивно, се е готово и Лионел Меси ќе стане нов фудбалер на ПСЖ. Дека се е готово потврди Калиф бин Хамад Ал Тани, членот на семејството под чија сопственост се „светците“, кој на Твитер го потврди трансферот.

Според првичните информации кои пристигнуваат од Франција, Меси ќе потпише двегодишен договор вреден 40.000.000 евра годишно. ПСЖ следната сезона дефинитивно ќе биде фаворит каде и да настапува, а сезонава веќе ги ангажираше Донарума, Серхио Рамос, Хакими, кој им се приклучија на Нејмар, Мбапе, Верати…

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .