Жорди Кројф се врати во Барса после 25 години

Жорди Кројф, синот на легендарниот Јохан Кројф му се приклучи на спортскиот сектор на Барселона. Со овој потег Каталонците продолжија да се засилуваат на сите полиња, па после потписот на Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон, потврдена е и соработката со Кројф.

„Си отидов од овде пред повеќе од 25 години и имав долг пат. Ова е како да се враќам дома. Чувството е добро затоа што ги познавам луѓето со кој ќе соработувам. Имам огромна мотивација, ова е посебен клуб за мене и горд сум што сум овде“, изјави Кројф.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.