Жозе Мурињо – нов тренер на Рома!

Како бомба во јавноста одекна сооптението на Рома, во кое клубот од Рим го објави името на новиот тренер, а ниту помалку, ниту повеќе, станува збор за Жозе Мурињо!

Португалецот брзо најде нов ангажман по отказот кој го заработи во Тотенхем и на клупата на „римската волчица“ ќе го замени сонародникот Пауло Фонсека кој денеска беше разрешен.

Мурињо потпиша договор до 30. јуни 2024 година, а ќе ја превзеде Рома по завршувањето на актуелната сезона.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .