Жесток пречек за Гриезман: Навивачите на Атлети му викаа „умри“, а пред стадионот му оставија глувци (ВИДЕО)

Барселона синоќа на гостувањето кај Атлетико Мадрид победи минимално со погодокот на Лионел Меси во финишот на мечот. И покрај големата победа, Антоан Гриезман нема по добро да го памти првото гостување кај својот поранешен клуб.

Кога официјалниот спикер го прочита неговото име навивачите на „јорганџиите“ му испратија свирежи, а некој од нив дури му порачал „Гриезман, умри“. Исто така на плочата пред стадионот, која е поставена во негова чест затоа кога собра 100 настапи за овој клуб, навивачите му оставија играчки и тоа глувци, а со тоа јасно покажаа какво мислење имаат за поранешниот миленик.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .