Фудбалската репрезентација на Аргентина обезбеди пласман во финалето на Копа Америка откако во неверојатен меч ја совлада Колумбија по изведувањето на пеналите 1-1 (3-2).
Двете јужноамерикански селекции одиграат жесток дуел, а на крајот „гаучосите“ беа поуспешни и се пласираа во големото финале каде што ги чека домаќинот и голем ривал – Бразил!