Ефикасно коло во ПМФЛ: Вардар ремизираше со Ренова, Шкендија со Работнички, „Лавовите“ ја совладаа Академија Пандев…(ВИДЕО)

Супер – интересно 10. коло се одигра во Првата македонска фудбалска лига, со многу голови шанси, пресврти. Македонскиот првак Вардар ремизираше на домашен терен во Скопје против тетовска Ренова, меч во кој паднаа дури шест погодоци (3-3).

„Црвено – црните“ во два наврати имаа двојно водство, но не успеаа да го задржат. Ален Јашаровски им ги одзеде трите бода со голот во прдолжението од второто полувреме. Мартин Мирчевски, Јован Поп – Златанов и Филип Петковски стрелаа за домаќините, додека за „гиспарите“ освен Јашаровски во листата на стрелците се запишаа Селмани и Велија.

Реми имаше и во Тетово, каде Шкендија го пречека скопскиот Работнички (1-1). Домаќините поведоа преку Бесарт Ибрими, а бодот за „романтичарите“ го донесе Лука Станковски. Нерешено заврши и во Струмица каде Беласица одигра 2-2 со Борец, но и во Битола каде домаќинот Пелистер со гол во 90. минута израмни со Струга Т.Л (1-1).

Единствен клуб кој стигна до победа и три бода е Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ на домашен терен во Ѓорче заслужено ја совладаа Академија Пандев (3-1), во меч со евроголови и атрактивни потези.

Шкендија и Шкупи го делат првото место на табелата со по 22 бода, додека МЃП има три помалку. На последните две позиции во ПМФЛ се струмичките клубови Беласица, која има само два бода и Академија Пандев кој има пет бодови повеќе. Следи Ренова на 10. позиција со осум бодови, додека Вардар е деветти со четири бода повеќе.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .