Кошаркарите на Анадолу Ефес се први финалисти на Ф4 турнирот на Евролигата, кој сезонава се игра во Келн. Турскиот тим во полуфиналето после вистинска драма ја срушија московска ЦСКА (86:89).

Избраниците на Ергин Атаман имаа огромно водство од 22 разлика во текот на натпреварот, меѓутоа „армејците“ одиграа луда последна четвртина и стигнаа на миус еден, но недоволно за победа.

Василије Мициќ беше предводник на Ефес со 25 поени,додека Санли имаше 19. Клајбурн беше прв стрелец на ЦСКА со 26 поени, а Хакет мечот го заврши со 17 поени.