Ефенберг удри по управата на Баерн: Ернандез е преплатен!

Поранешниот легендарен капитен на Баерн Минхен, Штефан Ефенберг не се сложува со трансфер политиката на Баварците. Тој смета дека германскиот шампион потрошил премногу пари за Павар и Ернандез кои веќе се играчи на Баерн.

Ефенберг смета дека Атлетико Мадрид е апсолутен победник во целиот трансфер.

„Баерн прави трансформација ова лето и веќе потроши многу пари. Но, тука има многу знакови прашалник околу тој трансфер. Хасан Салихамиџиќ констатно говори за Павар и Ернадез како фудбалери кои се светски шампиони, но јас мислам дека не е битно тоа што биле светски шампиони. Тоа не значи дека и за 10 години ќе бидат светски шампиони. Ако видиме колку пари е Ернандез платен, можеме да констатираме само една работа, а тоа е дека во целиот трансфер победник е Атлетико Мадрид“, вели Ефенрберг.

Германецот додаде дека подобро би било парите да ги потрошеле на некој офанзивен фудбалер.

„Подобро да потрошеа 80 милиони евра на некој офанзивен фудбалер. Оваа сума е нормална во денешно време, но мене ми задава болки во стомакот. Затоа навивачите не разбираат што се случува. Ако вака продолжиме тогаш за пет години ќе плаќаме 5 милиони евра за возачот на автобусот“, заврши Ефенберг.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .