Кошаркарите на Еуро Никел се првите финалисти на плејофот во Првата лига. Избраниците на Горан Самарџиев и во вториот натпревар го шокираа Работнички, па за „црвено – белите“ сезоната е завршена (88-87).
Еуро Никел заслужи да победи, имаше константно водство, но и покрај тоа Работнички се врати во последната четвртина и избори продолженија, а блиску беа и до победата, но не издржаа до крај.
Дарко Соколов мечот го заврши со 18 поени, по 16 имаа Рикиќ и Дубински. Убедливо најефикасен на натпреварот беше Питс со 31 поен.