Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа во првиот меч од финалето на плејофот, откако на домашен терен во „Јане Сандански“ го совладаа кавадаречки Еуро Никел (83:81).
Феми Олуџоби повторно беше најзаслужниот за победата. Американскиот крилен центар мечот го заврши со 24 постигнатаи поени, 15 запиша капитенот Дамјан Стојановски, а 12 имаше Хасани Гравет.
Кај избраниците на Горан Самарџиев најдобар беше искусниот Дарко Соколов со 16 поени, 15 имаше Дубински, а 14 Рикиќ.