Еуроникел со +14 го испрати МЗТ назад во Скопје

Македонскиот шампион МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Еуроникел (92-78). Клучна за победата на кавадарчани беше втората четвртина која ја добија преубедливо (32-16). Ѓорѓе Каплановиќ и Александер Марзет беа најзаслужни за победата на Еуроникел, првиот постигна 27 поени, додека вториот 26.

Кај МЗТ Скопје најдобар беше Бојан Крстевски со 18 поени. Интересно, лидерската позиција на табелата ја делат дури четири екипи Кожув, Гостивар, МЗТ и Еуроникел, кои имаат идентичен скор од шест победи и два порази.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .