Епско деби за новиот „дијамант“ на Барса: Дојде со „ќеса“, постигна гол и си замина – со такси! (ВИДЕО)

Барселона со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите. Каталонците на „Камп ноу“ го оправда очекувањата и со 5-1 го совлада унгарскиот великан Ференцварош.

Меѓутоа, во центарот на вниманието влезе еден од стрелците. Младиот ултра – талентиран 17 – годишен Педро Гонзалез Лопез познат како Педри го постигна првиот сениорски погодок за Барса.

Интересно тој на натпреварот стигна со „ќеса“ од супермаркет. Постигна погодок, го прослави со соиграчите и дома си замина со такси.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .