Елмас ќе добие нов тренер, Гатузо ОТПУШТЕН од Наполи!

Фудбалерите на Наполи не успеаа да изборат настап во Лигата на шампионите. Цената за овој голем неуспех ја плати тренерот Џенаро Гатузо, а сопственикот на клубот од Неапол, контроверзниот Аурелио де Лаурентис преку Твитер ја потврди оваа одлука.

„Драг Рино, многу сум среќен што скоро две години поминав заедно со тебе. Благодарен сум на твојата работа и ти посакувам среќа каде и да одиш. Испраќам прегратка за твојата сопруга и деца“, напиша Де Лаурентис.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .