Елмас со емотивна објава им се заблагодари на Пандев и Ангеловски

Фудбалерот на Наполи и стандарден репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас преку објава на социјалните мрежи им се заблагодари за соработката на Горан Пандев, кој се пензионираше од репрезентативниот дрес и на селекторот Игор Ангеловски кој си замина од кормилото.

„Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и голема благодарност што ја направивте цела Македонија горда. ЕВРО 2020 беше едно големо искуство и се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката на целиот македонски народ“, напиша Елмас на Инстаграм.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.