Елмас: Се чувствувам одлично

Наполи утре и гостува на Ријека во третото коло од групната фаза на Лигата на Европа, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пред натпреварот изјави дека е подготвен за игра и дека се чуствува одлично.

„Поминав десет дена во изолација поради Ковид-19. Ми беше неопходно извесен период да се опоравам, но сега се чувствувам одлично. Подготвен сум да играм, сакам да ги покажам сите мои квалитети.

Со сето срце сакам да му помогнам на тимот на секој можен начин, во зависност секако како ќе одлучи тренерот. Се слушнав со моите соиграчи од репрезентацијата кои настапуваат за Ријека. Верувам дека ќе бидам поуспешен од нив утре“, кажа Елмас.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .