Елмас: Се надевам дека македонските навивачи на најубав начин ќе не испрата на ЕП

Еден од предводниците на фудбалската репрезентација на Македонија, Елиф Елмас, пред утрешниот меч против Казахстан побара поддршка од навивачите. Елмас се надева дека македонските навивачи ќе дојдат во голема бројка и ќе ги испратат на ЕП на најдобар начин.

„И благодарам на публиката за поддршката која ни ја даде и се надевам дека ќе биде исто и со Казахстан за да не испратат на најубав можен начин на Европското првенство. Очекувам добар меч против квалитетна репрезентација која како што кажа и селекторот успеа да и земе бодови на Украина во квалификациите за Светско. Ние како и на секој меч одиме на победа. Се надевам дека ќе дојдеме до триумфот и ќе ги израдуваме нашите навивачи. Свесни сме за тежината на натпреварите кои не чекаат на Европско. Досега завршиме добра работа и знаеме со какви противници играме. Поголемиот дел од репрезентацијата играме во силни лиги и навикнати сме на тешки натпревари“, изјави Елмас.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .