Елмас „ржи“: Мислам само на ЕП!

Елиф Елмас не може да дочека да почне Европското првенство, исто како и армијата македонски навивачи. Стандардниот репрезентативец е свесен дека направиле огромен успех со пласманот на ЕП, но исто така се надева дека ќе имаат запазена улога на континенталниот собир.

„Знаеме што направивме до овој момент, но продолжуваме да работиме исто како и претходно, затоа што сите размислуваме на што е можно поголеми успеси. Како што кажав и по Грузија, никогаш не се задоволувам со пласман на едно ЕП. Неколку играчи од тука играа и на У21-првенството, знаевме кога дојдовме во А-тимот како е тоа. Направивме уште поголем успех од тоа, сега сме на сениорското ЕП и размислуваме само да го одиграме како што треба овој настан и да донесеме уште поголеми успеси. Сега се ќе зависи од нас. Веќе три месеци размислувам само за ЕП, откако дојдов во хотел, се дистанцирав на страна. Само репрезентацијата ме интересира. Ова е животна желба на секој фудбалер. Доаѓаме од мала држава, ова е нешто големо за сите и целиот наш народ. Се разбира дека имам и мала трема, но јас велам дека оној кој го сака фудбалот мора да има некое жарче во него кое гори за да сака повеќе. Играме за државата во која сме родени, во која сме израснале и сме направиле многу. Кога ќе видиш дека си го направил целиот народ горд, тоа ме прави уште посреќен. Македонија може да направи големи работи на ЕП. Пред овој циклус имавме добри настапи, но, на настанот ќе има доста работа и многу новитети за нас, па ќе мора пак да се докажуваме. Ќе мора да покажеме дека не сме туку-така пласирани на ЕП и дека сме таму само да се „прошетаме“. Ние ќе играме со големи репрезентации, ама веруваме во позитивен резултат. Одиме на ЕП да ја поминеме групата“, изјави Елмас.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .