Елмас: Да се носи бројот седум на Наполи е огромна чест

Македонскиот репрезентатитвец Елиф Елмас минатата сезона го промени бројот на дресот во Наполи, па сега ја носи „седмицата“. За фудбалерот од средниот ред преставува голема чест да се носи „седумката“ за клубот од Неапол.

„Да се носи дресот со број седум на Наполи е голема чест бидејќи врвни играчи го имале овој дрес на грбот низ историјата. Мојот омилен спомен од Наполи досега е освоениот трофеј во Купот на Италија. Уживам во Неапол, луѓето овде се топли. Има и превкусна пица, тоа е моето омилено јадење. Фаворити ми се маргарита и карпичиоза“, откри Елмас.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .