„Експертите у ствари“ не знаеле тенис, „Џокерот“ им ги поништи сите тези!

Колку предрасуди само истрпи Новак Ѓоковиќ. Против публика, медиуми, играчи,„експерти“ против сите и секој се избори и не планира да застане! Синоќа српскиот тениски виртуоз направи нешто што само МАЛКУМИНА можеа да го претпостават. Стигна до 20. Гренд слем во кариерата со што се израмни со големите Роџер Федерер и Рафаел Надал, но веќе е над нив, ако се знае дека во сите други категории им бега.

Какво ментално чудовиште е Новак само. Потценуван цела кариера, затоа овој успех е уште поголем, а веќе погледите на медиумите се менуваат, да бидеме реални – прашање на време е само кога ќе му се поклонат СИТЕ, а Роџер и Рафа го направија тоа синоќа, со пост на социјалните мрежи преку кои му честитаа. Џентлменски, нема што.

Но, мора да се потсетиме и на зборовите на тениските „експерти“, кои во пракса и не биле баш толкави експерти. Се започна со освојувањето на Австралијан опен, веќе тука нивната страв беше присутна. Имено, драги читатели дали сте знаеле дека Гренд слемот во Австралија „не бил важен“ и дека таму „никој не доаѓал подготвен“ затоа што бил „прв турнир во сезоната“, очајно, навистина.

Потоа немаа каде, па се префрлија на Роланд Гарос, турнирот на којшто апсолутен владетел е Рафа Надал (капа до под за доминацијата). Немал шанси Новак против Шпанецот, тоа бил негов турнир, епа извинете, но оваа сезона и турнирот во Париз е под команда на Светскиот број 1.

Надал беше понижен како никогаш претходно на „Филип Шатрие“. Ѓоковиќ правеше што сака со него, а Шпанецот – мораше да пружи рака. Голем пораз ова беше за него, докажано преку откажувањето на Вимблдон и Олимписките игри, признајваќи и самиот, дека после ваков тежок пораз, му треба време да се потсобере.

На ред дојде најголемиот турнир, култниот Вимблдон. Верувале или не, според „експертите“ ниту тука не бил фаворит (и покрај тоа што веќе ги имаше освоено Австралијан опен и Роланд Гарос!?). Ѓоковиќ во свој стил го издоминира и турнирот во Лондон, губејќи само два сета.

Па, „експерти“, тешко вас. Тој не планира да застане, а вие уште долго ќе морате да трпите и се така, додека не признаете, а да бидеме реални никој не ни бара ваше признание, дека веќе докажавте – ПОЈМА НЕМАТЕ ОД ТЕНИС!

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .