Едноставно нема среќа: Родригез повторно ќе отсуствува

Во Реал Мадрид се загрижени откако стигна веста дека Хамес Родригез заработил повреда за време на репрезентативната пауза. Медицинскиот тим на Колумбија веќе ги контактираше „кралевите“ поради повредата на офанзивниот фудбалер за врска.

Следен чекор ќе бидат деталните прегледи за да се утврди тежината на повредата на Колумбиецот, а прегледите ќе бидат направени во Мајами. Џејмс само што се излечи од минатата повреда поради која неколку недели беше надвор од стројот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .