Евертон и Милан ќе разменуваат играчи

Италијанските медиуми пишуваат дека Евертон на Милан ќе му го понуди Моисе Кеан во замена за Кшиштоф Пјонтек. Младиот напаѓач Кеан, минатото лето од редовите на Јувентус се пресели на „Гудисон парк“ за сума од 27.7 милиони евра, но се покажа како големо промашување.

Од друга страна Пјонтек сезонава игра катастрофално и во 12 настапи за Милан има постигнато само три погодоци. „Росонерите“ полека го губат трпението со Полјакот и веќе размислуваат да се разделат со него во зимскиот преоден рок.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .