Дупло поплатен од Покетино: Мурињо нов тренер на Тотнем

Жозе Мурињо е замената за Маурицио Покетино кој синоќа заработи отказ од Тотнем. Искусниот Португалец потпиша тригодишен договор со клубот од Лондон. Мурињо во следните три години ќе заработува 15 милиони фунти годишно, што е дупло повеќе од платата што ја имаше Покетино (7,5 милиони фунти).

„Квалитетот на првиот тим и на младинската екипа е тоа што ме возбудува. Работата со играчите кои ги има Тотнем е тоа што ме привлече за да ја прифатам понудата“, гласеше кратката изјава на Мурињо.

Претседателот на „петлите“, Даниел Леви го искажа своето задоволство од потпишаниот договор со Португалецот.

„Во Жозе го добиваме еден од најуспешните тренери на денешницата. Има големо искуство, знае да ги инспирира играчите и е одличен тактичар. Освојуваше трофеи секаде каде што работеше. Веруваме дека во нашата соблекувална ќе донесе нова енергија и самодоверба“, кажа Леви.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .