Дрес на Зидан продаден на аукција за НЕВЕРОЈАТНА сума!

Еден од дресовите напревени за францускиот фудбалер Зинедин Зидан, предвидени за финалето на Светското првенство во 1998 година е продаден за повеќе од 100.000 долари во Лос Анџелес, објави аукциската куќа „Џулијенс“.

Аукцијата била одржана минатиот викенд во Беверли Хилс преку интернет, а дресот на Зидан е продаден за 108.800 долари, пренесува француски Монд. Автентичноста на дресот ја потврдија ФИФА и Адидас, меѓутоа аукциската куќа не знаела дали тогашниот капитен на „триколорите“ го носел токму тој дрес во финалето против Бразил.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .