Драма на „Енфилд“: Алисон доби директен црвен, Адриан направи невидена глупост, но Ливерпул ги освои трите бодови! (ВИДЕО)

Европскиот шампион Ливерпул во 14. коло од Премиерлигата на домашен терен го совлада Брајтон (2-1). „Црвените“ одлично го започнаа натпреварот, па веќе после 25 минути игра водеа со 2-0, а двата гола ги постигна моментално најдобриот дефанзивец на светот, Вирџил Ван Дајк.

И кога сите помислија дека Ливерпул и во второто полувреме ќе продолжи во ист стил, драма на „Енфилд“, во режија на двата голмани Алисон и Адриан. Првиот доби директен црвен картон, откако играше со рака надвор од шеснаесетникот, а Мартин Еткинсон без размислување му покажа директен црвен картон. Кога станува збор за Адриано тој направи глупост каква што ретко се гледа.

Шпанецот долго време го местеше живиот ѕид, па Еткинсон покажа дека може да се игра, а Луис Данк со удар по земја намали на 2-1. Нервозата веќе беше присутна кај Клоп, Брајтон иташе кон израмнување, сепак резултатот не се смени. Ова е голема победа на Ливерпул, по киксот на Сити на гостувањето кај Њукасл(2-2), сега „црвените“ му избегаа цели 11 бодови на најголемиот конкурент.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .