Драма во Загреб: Адеми даде два гола и промаши пенал, предност за Динамо пред реваншот во Исланд!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вечерва беше во центарот на вниманието во првиот натпревар на Динамо Загреб сезонава. „Модрите“ во квалификациите за Лигата на шампионите го совлада исландски Валур со 3-2, а Адеми постигна два погодци, но и промаши пенал.

Фудбалерот од средниот ред го донесе хрватскиот првак во водсто после само осум минути игра, додека со голот на Мајер, Динамо имаше 2-0 предност на полувремето. Вториот гол Адеми го постигна во 72. минута, а десетина минути имаше шанса за хет – трик, меѓутоа го промаши пеналот.

Исланѓаните како да ги дигна промашениот пенал и во 88. преку Сигурдсон и во 89. минута преку Адолфсон ги поставија конечните 3-2. Стефан Ристовски натпреварот го проследи од клупата за резервни играчи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .