Драма во Андалузија: Четири пенали од кои два промашени – по бод за Севиља и Салцбург! (ВИДЕО)

Супер – интересен натпревар се одигра денеска во Андалузија каде што Севиља на својот „Санчез Писхуан“ ремизираше со австрискиот шампион Ред Бул Салцбург (1-1).

Драмата се случуваше во првото полувреме кога видовме дури четири пенали од кои два промашени. Австријците немаа среќа, промашија дури два удари од белата точка. Прво Адејеми го промаши голот, па Сучиќ ја превзеде одговорноста.

Младиот 19 – годишен Хрват прво стрелаше успешно, додека при вториот обид ја погоди стативата. Домаќините пак беа сигурни реализатори преку Иван Ракитиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .