Луд почеток на плејофот во НБА лигата видовме вечерва, каде што во првиот натпревар Милвоки Бакс во продолжението го сруши отпорот на вицешампионот Мајами Хит (109:107).
Апсолутен херој на Бакси беше втората ѕвезда на тимот и вечерва најефикасен кошаркар на натпреварот, Крис Мидлтон кој на пет стотинки до крајот на продолежнието погоди тежок шут, кој ќе се покаже како победнички.
MIDDLETON. TOO CLUTCH. 😤 pic.twitter.com/hrvrmuvkCb
— NBA on TNT (@NBAonTNT) May 22, 2021
Олстарот мечот го заврши со 27 поени, додека еден помалку имаше Јанис Антетокумпо. И Драгиќ мечот го заврши со 26 поени, а Данкан Робинсон имаше 24 поени.