Драган Бајиќ избран за најдобар тренер во АБА лигата

Новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ е избран за најдобар тренер во сезоната 2020/21 во АБА лигата, покажа гласањето од страна на главните тренер во регионалната лига, новинарите и љубителите на кошарката.

Бајиќ својата Икогеа ја однесе до полуфиналето во АБА лигата и до ТОП 16 фазата од Лигата на шампионите на ФИБА. Српскиот стратег освои убедливи 63,2 отсто од гласовите, а втор беше тренерот на Цедевита Олимпија Јурица Големац со 10,8 отсто од гласовите.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.