Дортмунд беше во полуфиналето 40 минути, но Марез и Фоден направија пресврт: Сити иде на ПСЖ! (ВИДЕО)

Манчестер сити по втор пат во својата долга историја ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ вечерва на гостувањето во Дортмунд, исто како на првиот меч на домашен терен славеа против Борусија со 1-2.

Германскиот бундеслигаш го имаше посакуваниот резултат 40 минути, откако поведоа со голот на англискиот репрезентативец Џуд Белингем. Советите на Пеп Гвардиола на полувремето се исплатеа, па Сити направи комплетен пресврт преку Марез од пенал и убавиот гол од далечина на Фил Фоден.

Манчестер сити во полуфиналето ќе игра против францускиот првак ПСЖ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .