Дончиќ и Далас лесно се справија со Лејкерси и „Кралот“ Џејмс (ВИДЕО)

Далас Маверикс лесно стигна до победата на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс во „Стејплс центарот“ (114-100). Првото полувреме помина во израмнета игра, првата четвртиа ја добија домаќините (30-25), додека втората гостите (32-34).

Клучна за победата на Мавериксите беше третата четвртина која ја добија со скоро 20 разлика (17-35). Лејкерси не успеаа да се вратат во последната четвртина која ја добија минимално (21-20) и клубот од Тексас со победа се врати дома.

Лука Дончиќ изигра уште еден феноменален натпревар, а му недостасуваше само еден скок за да запише уште еден трипл-дабл (27 поени, 10 асистенции и 9 скока). Кај домаќините најдобар беше Ентони Дејвис со 27 поени и 10 скокови, додека „кралот“ Леброн Џејмс мечот го заврши со 25 поени, 9 скока и 8 асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .